Кога Том Брејд ќе ве пофали: Рафаел Надал, каков спортист, каков човек..

Најдобриот играч во американ скиот фудбал на сите времиња, за магазинот „Тајмс“ во авторски текст истакна дека може секој спортист да учи од она што го прави Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер заврши на листата од 100 највлијателни личности во 2022 година, токму во изборот на Тајмс, а за него сега зборуваше колега од друг спорт.

Од моментот кога влета на терен како млад играч, Рафаел Надал имаше харизма како никој друг, имаше ментална и физичка цврстина да го работи она што го работеа сите големи спортисти. Во ситуација е да се подигне емотивно и може во било кој случај да извојува и најмала предност над противникот“.

„Кога успеа да го освои Австралија Опен 2022 година, Рафа го освои 21 гренд слем, повеќе од било кој друг тенисер во историјата. Апсолутно сум инспириран секој пат кога го гледам на терен. Може многу да се научи од него и се што е потребно кога сте на терен. Секогаш ќе го сеќавам како еден од најдобрите во историјата на неговиот спорт“, порача Брејди.