Кога не можат подобрите, може 33. во светот: Сензационален пораз на Ѓоковиќ!

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ доживеа сензационален пораз во осминафиналето од Мастерсот во Монте Карло, од британскиот тенисер Даниел Еванс со 0-2 (4-6, 5-7).

Тоа е прв пораз за Ѓоковиќ оваа година, по десетте победи во низа, но мора да се знае дека ова е негов прв настап на турнир по пауза речиси два месеца. Тоа се почувствува во неговата игра бидејќи направи дури 45 неизнудени грешки.

Еванс ова е голема победа: прва против Ѓоковиќ, прв против топ-3 тенисер во кариерата и прв настап во четвртфинале на Мастерс. Во него ќе се сретне со белгискиот тенисер Давид Гофан.