Кога ќе ве поздрави големиот брат: Карачиќ со порака до „децата“ на Вардар по победата

Тимот на Вардар денеска убедливо славеше победа во дербито на ракометното првенство во Македонија против екипата на Еурофарм Пелистер со 35:27.

Несомнено дека резултатот покажува како се одвивал натпреварот и кој бил подобар, но триумфот на „црвено-црните“ немаше да биде комплетен без поздравот на екс Вардарецот, Игор Карачиќ.

Тој по натпреварот на посебна фотографија на Инстаграм напиша: „Браво бе деца!“, честитајки им ја победата која Вардар го носи чекор напред во битка за титулата во домашното првенство.

Таа фотографија ја поздрави и Сташ Скубе со аплауз за Вардар, исто така екс ракометар на Вардар.