Кога го нема Надал, исто како да нема голем дел од светот

Откажувањето на Рафаел Надал од Ролан Гарос е голем удар за тенисот, за организаторот во Париз, но и за повеќето навивачи кои Надал овде го гледаа како прв фаворит.

Алекс Кореча, некогашниот тенисер број2, смета дека одлуката на Надал за неучество во Париз, им дава лавовски шанси на Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ за освојување на трофејот.

Тој го става апострофот на овие двајца тенисери во кои верува дека ќе бидат освојувачи, односно еден од нив.

Одлуката на Надал ќе има неверојатно влијание. На кој турнир да дојдете, ако го нема Надал, тогаш секој има шанса за трофеј. Надал е владетел во Париз, а кога не игра, тоа е како да недостига цел свет. Неговото отсуство ќе направи останатите да веруваат во своите шанси за трофеј во Париз“, порача Кореча.

Надал се надеваше дека после Рим, на кој исто така не учествуваше, ќе биде подготвен за Ролан Гарос, но како што соопшти самиот, повредата не е доволно залечена.