Кога Федерер ќе загуби, тоа мора да е сензација!

Поразот на Роџер Федерер од Стефанос Циципас во четвртото коло од Австралија Опен е прогласен за сензација на годината на Гренд слем турнирите, објави АТП.

Младиот Грк во Мелбурн славеше со 3-1 и го запре Федерер на патот кон одбраната на титулата. Токму таму најдобриот тенисер на сите времиња го освои својот последен Гренд слем трофеј, во јануари 2018 година.

На спомнатиот меч Федерер имаше многу шанси да дојде до победа или барем до понеизвесна завршница, но не искористи неверојатни 12 брејк топки, односно имаше 0/12 искористеност на овие ситуации.