Навивачите на Борусија Дортмунд се уште се сеќаваат на минатата сезона и како не победија во последното коло на домашен терен, каде всушност требаше да ја заверат титулата со победа.
На тој натпревар изненадувачки, Мајнц поведе брзо со 0:2, па домашните потоа мораа да го поправаат впечатокот, дојдоа до 2:2, но тоа не им беше доволно бидејки Баерн Минхен оствари победа и дојде до лидерската позиција на табелата.
Големо беше разочарувањето на „Сигнал идуна парк“, а на тој момент се присети и нивниот играч, кој до пред неколку месеци имаше животна битка со подлата болест, која ја победи и се врати успешно на терените.
„Во тој момент на губење на титулата, тоа ме болеше повеќе од моментот кога дознав дека имам рак на тестисите. Ако си болен, сам не можеш ништо да направиш по тоа прашање, туку да прифатиш и да поминеш низ сето тоа сам. Но титулата беше во наши раце, се требавме сами да си направиме. Воопшто не ми беше лесно тој ден“, порача Себастијан Халер.
Тој за среќа успешно се опорави од карциномот и се врати на терените, а ќе има уште шанси да ја освои титулата.