Коби и Џана – најпопуларни имиња на бебиња во САД во 2020 година!

И покрај тоа што годинава го напушти овој свет, во хеликоптерска несреќа, Коби Брајант и натаму е еден од оние кои оставаат трага во светот.

Покрај него и ќерка му Џана која загина во истата несреќа. Тоа што се случи на 26 јануари нема никогаш да се заборави, а родителите на американските бебиња, родени во 2020 година, на свој начин придонесуваат за тоа.

Истражувањето на BabyCenter, компанија која поседува онлајн медиуми, покажало дека Коби и Џана се најчестите имиња кои им се даваат на бебињата родени во САД оваа година. На листата на имиња во оваа држава, на генерално ниво, овие две забележале огромен скок: Коби од 379. на 216., а Џана од 52. на 24. место.

„Годинава беше особено емотивна за голем број семејства во САД кои го обожаваа Коби. Во вакви моменти, родителите бараат утеха во тоа што на нивните новородени деца ќе им дадат имиња на луѓе кои ги обожаваат, посебно на тие кои се починати. Верувам дека овој тренд ќе продолжи и во 2021 година“, изјавила уредничката на BabyCenter, Линда Мареј.

Јасно е дека загубата на Коби и Џана Брајант е ненадоместлива, но преку нивните имиња, тие уште ќе живеат во сеќавањата на нивните фанови.