Сопругот на Пенезиќ има посебно барање од ЕХФ, бидејки го уништи својот телевизор

1575

Тензично беше да се следи натпреварот од малите екрани, бидејки финишот беше за инфаркт завршница, а поразот во финалето дополнително ги раздрма нервите кај навивачите во Македонија.

Сопругот на Андреа Пенезиќ, инаку поранешен голман на ФК Вардар, Матија Кобетиќ, кој сега брани за екипата на Ренова од Кичево, објави фотографија синоќа на социјалните мрежи како завршил неговиот LCD телевизор.

ЕХФ, испратете ми нов телевизор“, напиша Кобетиќ на фотографијата со руинираниот телевизор, алудирајки на тоа дека нервите попуштиле, но и за одредени судиски неправди, поради кои сега тој останал без својот тв.