Клубовите во Премиер лигата се обединија против Њукасл

Членовите на Премиер лигата изгласаа, на Њукасл да му се забрани потпишување спонзорски договори во период од еден месец.

Тоа го направија на итен состанок во текот на вчерашниот ден, стравувајќи дека новите сопственици на Њукасл, од Саудиска Арабија, би можеле да ги заобиколат правилата околу финансискиот фер-плеј. На состанокот присуствуваа 19 од 20 клуба, а отсутни беа единствено претставниците на Манчестер Сити.

Забраната е од привремен карактер за период во кој би требало да се регулираат правилата по ова прашање. Клубовите во Премиер лигата имаат право да пријават загуба од најмногу 105 милиони фунти во период од три години. Пренадуваните маркетинчки договори би можеле на вештачки начин да прикажат приходи на клубовите и така да им обезбедат заобиколување на правилата и трошење повеќе отколку што е заработено.