Клубовите од Серија А најавуваат бунт доколку лигата им го „зготви“ тоа што не го сакаат

За Серија А и нејзиниот рестарт се уште се дебатира и тактизира, една од клучните точки била договорена и усвоена меѓу лигата и клубовите.

Имено, било договорено од двете страни дека никаков плеј-оф на сезоната не доаѓа во предвид, односно доколку се доигра, сезоната да се доигра според нормални регулативи, коло по коло, иако тоа ќе биде со доста згуснат распоред.

Доколку се појави иницијатива од Серија А повторно деновиве за плеј-оф, клубовите веќе се заканиле дека ќе ги прекинат тренинзите во знак на протест.

Намерата е јасна, сезоната да се доигра до крај и се да биде регуларно, според сите претходно договорени здравствени протоколи.