Клубот од Италија потврди: Разговаравме со агентот на Јовиќ за трансфер

Првата сезона на Лука Јовиќ во Реал Мадрид не помина според планираното и таа е од негова гледна точка за заборав.

Ова лето сигурно интересна тема за повеќе клубови и агенти ќе биде играчот на Реал Мадрид, кој има намера да го напушти Мадрид, доколку најде соодветна опција.

Се зборуваше за трансфер во Наполи, но тимот од Неапол го донесе младиот Виктор Осимхен од Лил и таа опција про падна.

Но и покрај тоа, Де Лаурентис призна дека Јовиќ бил на мета на Наполи.

Се сретнавме со агентот на Јовиќ (Рамадани), и можевме да постигнеме договор со него, но и со друг играч на Зенит. Меѓутоа, опцијата за Осимхен стана конкретна и тргнавме по него, на крајот го добивме“, рече Де Лаурентис.

За Јовиќ постои интерес и понатаму од клубови во Италија, но и од Премиерлигата, па сигурно не чека неизвесно и жешко трансфер лето.