Клоп веќе се подготвува за следната сезона

Ливерпул оваа сезона веќе ја освои шампионската титула, прва за клубот од 1990 година, на седум кола до крајот на сезоната.

„Нема да ја браниме титулата следната сезона, ќе нападнеме нова. Го научив тоа дека кога мислите дека сте го достигнале врвот, веќе сте тргнале надолу“, изјави Клоп.

Ливерпул има 23 бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити со кого се соочува во четврток на „Етихад“.

„Сити ќе биде силен следната сезона, Јунајтед ќе биде силен следната сезона, Челзи ќе биде силен. Јасно е дека Челзи е извонреден тим, Јунајтед е во извонредна форма и Челзи е исто така во добра форма и работи добро на трансфер пазарот“, наведе германскиот стручњак.

Фудбалерите на Сити ќе направат победнички шпалир за играчите на Ливерпул.

„Не сум сигурен дали некогаш сум го имал тоа. Тоа е традиција во Англија и го прифаќаме. Не би ми требало, бидејќи одиме таму и сакаме да победиме на фудбалски натпревар, пред да славиме нешто што се случило пред една недела, но тоа е убав гест“, изјави Клоп.

Тој оваа недела напиша писмо до навивачите да не ги повторат случувањата од минатата недела, кога во голем број се собраа да ја прослават титулата.

„Тешко е времето за сите нас и навистина можам да ги разберам сите тие емоции, а не станува збор само за 30 години. Повеќето навивачи го направија тоа што требаше и остана дома. Сликите од центарот на градот е нешто што не сакавме да видиме. Тоа го кажувам прв пат во животот, бидејќи во главно сакам такви слики, но сега не е време за такво нешто“, наведе Клоп.