Клоп признава: На лето многу работи мора да ги менуваме

Tренерот на Ливерпул пред пресметката против Кристал Палас во Премиерлигата, истакна дека на лето клубот го чека многу работа а веројатно мисли на реновирање.

„Црвените“ го загубија првиот меч против Реал во ЛШ, а ќе им биде крајно тешко да направат голем пресврт среде Мадрид. Доколку бидат елиминирани, тие ќе останат без ниту една шанса за трофеј сезонава.

Знаеме дека мора да напредуваме и да ги менуваме работите и тоа ќе го направиме. Не очекува многу работи на лето, но тоа не можеме сега да го сториме. Сега останува само со сопствени сили да се избориме за целите“.

Оваа зима Ливерпул не се засили, а Клоп тврди дека не било соодветно времето.

Немаше време за промени, имавме финале за финале, практично игравме до последна минута. Ни следуваа потоа многу повреди, па Светското првенство и ни се случи тоа што се случи..“, порача Клоп.