Клоп по вториот трофеј сезонава: Имаме менталитет на чудовиште

По подоброто изведување на пенали Ливерпул вечерва на „Вембли“ го совлада Челзи и го освои ФА Купот.

Тренерот на „Црвените“, Јирген Клоп, не го криеше воодушевуањето после се:

„Ние имаме менталитет на чудовиште, но ги видовме и играчите на Челзи кои имаат силен менталитет. Разликата беа пеналите, тоа е се. Челзи играше фантастично, извонредно, но на крајот мора да има само еден победник и денес тоа бевме ние. Ќе бидеме среќни.

Нашиот учинок повторно беше ист, неверојатно интензивен натпревар против Челзи. Победата вредеше како и во Лига Купот, разликите се мали. Не можам да бидам погорд на своите момци за она што го направија, колку се бореа и колку беше тешко“, изјави Клоп.

Ливерпул оваа сезона го освоија и англискиот Лига Куп, откаок во финалето исто така славеше над Челзи по пенали со резултат 11-10.

Следниот предизвик за Ливерпул е финалето од ЛШ против Реал Мадрид на 28 мај во Париз, а не е се загубено ни во Премиер лигата каде Сити им бега три бода.

За потсетување, Фабињо е повреден од претходно и би требало да се врати токму за финалето во Лигата на шампионите, а Клоп е загрижен и за денешните повреди на Салах и Ван Дајк.