Клоп не потпиша, а доби две засилувања за новата сезона

Актуелниот европски првак, Ливерпул летово е прилично мирен кога станува збор за трансферите и единтвена вистинска принова е 17-годишниот холандски дефанзивец Сеп ван ден Берг од Цволе.

Но така не мисли и Германецот кој смета дека тој добил уште два фудбалери за новата сезона.

„Тие се како нови засилувања за нас. Брустер, Окслеид-Чембрлен не играле минатата година, така што можеме да ги сметаме за нови играчи. Рајан Брустер е топ напаѓач. Многу се радувам што е кај нас. Верувам дека тој ќе игра важна улога во оваа година. Колку важна? Зависи и од него. Тој може да игра на различни позиции во нападот“, изјави Клоп.

Инаку, Чембрлен, кој ја пропушти речиси цела последна сезона заради повреда на коленото, веќе е подготвен за игра, а 19-годишниот напаѓач Рајан Брустер, кој е младински репрезентативец на Англија, исто така, навестува за место во првиот состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интер со нова понуда за Лукаку, Јунајтед конечно би можел да прифати

Се е јасно: Кутињо со својот последен потег потврди дека си заминува од Барселона

ПСЖ си донесе ново засилување – од Борусија Дортмунд

Шкендија шокирана и елиминирана во 91 минута во Скопје: Номе Калју во следната фаза

Агентот на Бејл се огласи за можниот трансфер или позајмица

ВИДЕО: Игуаин и Роналдо на тренинзите, како желка и зајак

Мурињо се шегува со Конмебол: И Роналдо може пред Меси да ја освои Копа Америка

Има и такви фудбалери: Ја одби Барселона за да остане во Манчестер Јунајтед

Екс фудбалерот на Арсенал: Не знаев што правам при трансферот во Барселона