Клоп, ќе го ослободиш Шаќири за трансфер?

Рома го посакува во свои редови оваа зима експлозивниот Џердан Шаќири, кој имаше неверојатни партии во дресот на Ливерпул.

Ваква информација излезе од секогаш добро информираниот Liverpool Echo, кој пишува дека Рома прво го посакува на позајмица до крајот на сезоната, па доколку задоволи, да го откупат неговиот договор.

Шаќири сака да игра редовно, а оваа сезона тој имаше скромна минутажа во Ливерпул, па нема да биде изненадување доколку дојде до разделба меѓу него и Ливерпул уште овој јануари.

Имено, агентот на Шаќири имал деновиве средба со Јирген Клоп, средба на која германскиот стратег појаснил дека нема да го ослободат Шаќири за позајмица. Причината е повеќе од едноставна, црвените по цели 30 години се многу блиску до титулата во Англија, може да се каже дека веќе се со една рака на трофејот, па сака Клоп да има силна клупа.