Клоп има посебен фаворит за оваа сезона во ЛШ

Јирген Клоп смета дека неговиот Ливерпул сезонава не е фаворит за титулата во Лига на шампиони, сметајки дека фаворитската улога ја има друг.

Ливерпул сезонава е бранител на трофејот, откако минатата сезона го победија Тотенхем во големото финале.

Тимот на Клоп гази на сите фронтови сезонава, и многумина сметаат дека Ливерпул ќе ја одбрани титулата во ЛШ, но тој смета дека тоа не е така.

„Јувентус беше мој фаворит пред почеток на сезоната иако не гледам многу италијански фудбал. Јувентус е тимот кој има најдолга клупа која ја имам видено во мојот живот. Добри се и Баерн и ПСЖ, никогаш не смеете да ја минимизирате и Барселона, да не го заборавиме и Сити, но за мене фаворит е Јувентус. Не знам дали и до каде може да стигнеме сезонава и не сакам да размислувам за тоа, затоа што сега играме против Атлетико“, истакна Клоп.