Клоп даде најава околу трансферите ова лето

Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека нема премногу да ја реновира својата екипа и да троши непотребно милиони, бидејки има доволно силен тим.

Се разбира дека дел од тимот ќе претрпи некои новитети, но генерално Клоп најави дека костурот на тимот ќе биде присутен и следната сезона на Енфилд.

Пандемијата на коронавирусот влијаеше на нашите приходи и расходи. Ова нема да биде возбудливо лето кога се во прашање трансферите. Но кога ќе го погледнете тимот, не треба многу да менуваме“.

„Ние немаме стартни 11, туку 16 или 17 и сите можат да бидат дел од првиот состав. Сакаме да го подобриме тимот, но немаме потреба да трошиме залудно милиони, тимот е веќе добар. Не е прашање како да го подобрите тимот, туку како од она што го имате да направите креативност во играта“, порача Јирген Клоп.

Деновиве интензивно се шпекулира дека Ливерпул е веќе во преговори со дефанзивецот на Наполи, Калиду Колибали, кој е вреден од 80 до 100 милиони евра.