Кличко сака да направи голем подвиг – но сето тоа ќе зависи од војната во Украина

Легендарниот украински боксер Владимир Кличко, истакна дека посакува да се врати во рингот доколку војната во Украина наскоро заврши.

Со оглед на тоа дека пред неколку дена, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека е тешко да се предвиди колку ќе трае агресијата на Русија на украинска територија, така да тешко е да се прогнозира дали Кличко ќе ја исполни својата желба.

Кличко сака да го сруши рекордот на Џорџ Форман како најстар боксер кој освоил титула. Форман со 45 години стана шампион во тешка категорија, а Кличко неодамна наполни 46 години.

Кличко е континуирано на линија на огнот околу Киев, каде одолева колку толку на жестоките напади од агресорската страна на Русија.