Клетва ги фати Гробарите – почина уште еден нивен важен член

Минатиот месец беше убиен Љубомир Марковиќ, починаа уште неколку навивачи на Партизан, а и во декември продолжуваат црните вести за еден од најкултните балкански клубови.

Во неделата починал Душан Филиповиќ, 40-годишен член на Гробарите кои од мало нозе не пропуштил ниеден натпревар на својот омилен клуб.

„Еден од омилените членови на форумот, секогаш без влакна на јазикот, единствен, хуманитарец, татко, другар и меѓу најголемите Гробари, вечерва прерано не напушти“, објави Partizan.net.