Кизиќ: Им пројде последната топка, што да кажам…

Марко Кизиќ покажува сериозен потенцијал дека во иднина Вардар и тоа како може да смета на него.

Тој на денешната средба беше клучниот човек кој Вардар го оставаше во игра, па благодарение на неговите 11 одбрани, Вардар успеа во вториот дел да направи посериозна разлика.

Но сето тоа не беше искористено и валоризирано, бидејки Елверум во последните секунда-две, дојде до бод во Скопје.

Лошо го отворивме првото полувреме, затоа и примивме толку многу голови во првите 30 минути. Во вториот дел и одбраната беше поцврста, дојдоа неколку интервенции, поведовме, но ни се случија некои работи, заврши вака, не успеавме во последниот напад да се одбраниме, пројде таа топка, што да кажам…“.

„Сакам да им честитам на Елверум на добрата и фер игра на оваа средба и се гледаме веќе во среда“, порача Марко Кизиќ.