Ќиро Блажевиќ: Немојте да ме жалите, имав убав живот

Мирослав Ќиро Блажевиќ, легендарниот хрватски тренер, повторно се бори со ракот. Болеста за првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати успеа да ја победи, но истата се врати повторно.

„Кога ќе ви кажат дека имате рак со метастази, помислуваш дека си готов. Но, к*р, јас не се давам. Ќе се борам до крај против оваа најопасна болест. Метастазите ми се појавија на коските, некој друг би кренал раце, но јас се борам до крај, до победа“, изјави 86-годишниот Ќиро.

„Немам неостварени желби. Би молел да не жалат по мене дека сум пред заминување. Секогаш сум имал убав живот и од непријателите направив барем полупријатели, а подоцна и пријатели. Горд сум на себе. Никогаш не сум се расправал“, изјави „тренерот над сите тренери“.