Кирјос за инцидентот на Медведев: Тоа е одвратно однесување!

Данил Медведев дожвеа непријатност со навивач на турнирот во Монтреал по поразот од Ник Кирјос во 2. коло.

Рускиот тенисер влезе во инцидент со навивач, па мораше да реагира и обезбедувањето, а повод за тоа беше снимка која сега исплива во јавност, а се огласи Кирјос.

Одвратно однесување, ова е најдобро што го имаме во спортот, навивачите мора да покажат повеќе почит кон играчите“, напиша Кирјос на Твитер.

Што и да беше причината за овој мини инцидент, цела спортска јавност го осуди навивачот кој се обиде да се конфронтира со Медведев.