Кирјос со коментар провокација по елиминацијата на Ѓоковиќ од Синсинати

Ник Кирјос како едвај да чекаше некој пораз и елиминација на Новак Ѓоковиќ на некој од турнирите каде се натпреварува.

По елиминацијата на Ѓоковиќ од Медведев утрово на Синсинати, веднаш се активираше контроверзниот Кирјос, кој на социјалните мрежи, веднаш реагираше со коментар.

Тој веднаш како провокација, искоментира на фејсбук профилот на Данил Медведев, дека тој е всушност неговиот најомилен тенисер, што јасно алудира дека сака да го испровоцира српскиот тенисер.