Кирјос сега го нападна Чориќ: Твоето ниво на интелигенција е НУЛА!

Ник Кирјос едноставно не знае да молчи и тоа го докажа уште еднаш.

Проблематичкиот тенисер од Австралија, деновиве го нападна Борна Чориќ, само поради тоа што овој застанал во одбрана на Новак Ѓоковиќ за неговата улога и ангажман на Адриа Тур.

Чориќ рече дека не го интересира што збори Кирјос на социјалните мрежи и дека си ја гледа својата работа.

Дали имаш ти камења во глава? Не се ни сомневав дека твоето интелектуално ниво е НУЛА!. Дали ти Борна знаеш како се чувствуваше Димитров по негативните тестови? Тоа е тешко твојот мозок да го обработи“, порача Кирјос.

Несомнено дека ќе биде интересен нивниот следен дуел на некој од турнирите, помеѓу Борна Чориќ и Кирјос.