Кирјос се „залепи“ за српските спортисти: Сега испровоцира НБА кошаркар

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос, е познат во јавноста како еден од спортистите кои не избираат кон кого ќе испратат провокација или незгодна изјава.

Австралискиот тенисер неколку пати имаше вербална препирка со Новак Ѓоковиќ, но упорно беше ставан на „игнор“ од неговите ривали.

Но сега Кирјос реши да се пошегува со уште еден спортист од нашето соседство, овој пат на листата за отстрел беше кошаркарот Јокиќ.

Со фотографијата Ник Кирјос се обиде очигледно да биде духовит и да претстави како ќе изгледа кошаркарот на Денвер Нагетс по излегувањето од карантин.