Кирјос: Сакав да играм против Надал…

Ник Кирјос ќе игра во финалето на Вимблдон откако Рафаел Надал се повлече од понатамошното натпреварување.

“Како натпреварувач сакав да го одиграм тој натпревар против Надал. Сакав да го видам третото поглавје од натпреварите против Надал на Вимблдон. Се надевам дека ќе се опорави”, изјави Ник Кирјос.

„Денес ќе одработам подолги тренинзи за да останам во форма. Морам да го задржам нивото на адреналин, морам да одам во финалето без искуство од полуфиналето. Ќе се одморам, сонував шокантен сон, бев возбуден и нервозен“, вели австралискиот тенисер.

Што се однесува до неговата врска со Новак, Кирјос вели дека тие сега се всушност пријатели.

„Всушност понекогаш си испраќаме пораки на Инстаграм, што е малку чудно. Тој ми кажа на почетокот на неделава дека би сакал да ме види во недела“, рече Кирјос.

„Од драмата во Австралија кога бев единствениот на негова страна, мислам дека оттогаш постои почит што ја заслужувам. Тоа нема врска со тенисот, туку со реалниот живот“, рече Кирјос.