Кирјос: На многу тенисери им се допадна тоа што го реков за Надал и Ѓоковиќ

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, истакна дека и понатаму има исто мислење за Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и нема зошто да го менува.

Тој истакна дека на него не влијаат негативните критики кои следуваа на негова сметка откако реши тој да ги нападне јавно Ѓоковиќ и Надал.

Некои играчи беа задоволни од она што го реков за Ѓоковиќ и Надал, дури им се допадна тоа. Јас само бев искрен, ако не им се допадна, тоа не е мој проблем“, порача Кирјос.

Да потсетиме, тој неодамна констатираше дека не му се допаѓа начинот на кој српскиот тенисер ги прославува победите, додека за Надал рече дека не знае да ги поднесува поразите.