Кире Лазаров загрижен: Допрва доаѓа потешкиот дел – но Бахрeин мора да падне

Спортклуб од Минхен,

Симеончо Стоиков

Македонската ракометна селекција по стартната победа веќе утре го игра мечот од 2. коло во групата Б од СП во Германија и Данска.

Наш противник е селекцијата на Бахраин – уште еден аутсајдер на хартија. Во пресрет на утрешната средба која што се игра 14:00 часот во „Олимпија Хале“, капитенот на нашата селекција, Кире Лазаров изјави:

„Се работи за поквалитетна екипа од Јапонија. Тоа значи дека треба да бидеме многу повнимателни, не смееме да дозволиме да не успие победата од девет гола разлика над Јапонија. Не беше лесно како што изгледаше. Победа со Бахреин би ни значела многу. Очекувам тежок меч и голема борба. Мораме да сме максимално сконцентрирани и да одиграме најдобро за да можеме да се надеваме на победа, но се зависи од нас. Важно е што здравствениот билтен е добар“.

„Денеска на доручек, ниту еден играч не се пожали за некаква повреда. Тоа ме радува, тоа значи дека утре сите можеме да дадеме максимум. Доаѓа потешкиот дел од првенството ме загрижува тоа што од утре играме ден за ден. Нема да имаме пауза, нема да имаме време за анализирање, за рекуперација. Да не се повторувам дека ростерот ни е таков каков што ни е, подмладен, неискусен. Ќе биде потешко да се спремиме, треба да внимаваме на секој сегмент. Утре сакам да победиме и притоа сите да останеме здрави и без последици“, изјави капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардар гостува во Загреб – Парондо за очекувањата од дуелот со „плинарите“

Хорват: Го почитуваме Вардар, но ќе сториме се да го елиминираме!

Вардарска доминација во СЕХА: Четири ракометари на Вардар во идеалниот тим!

Талески и Рајн Некар патуваат со +2 кај Нант и Лазаров на реваншот во ЛШ

ЕХФ ги отпиша „црвено-црните“: Вардар нема да игра во Келн!

Кина ќе игра против Вардар !?

Вардар иако некомплетен, лесно се справи против Извиѓач: А сега фокусот на „плинарите“ и ЛШ

Најави за нови заминувања од Вардар – се води кон реализација на „рускиот проект“

И Карачиќ го напушта Вардар: Хрватскиот ракометар се сели во Полска!