Кире Лазаров откри дека сака Македонија да игра како Барселона

Капитенот на македонската ракометна селекција и воедно селектор, Кире Лазаров го очекува настап на завршницата од Лигата на шампионите со својот Нант.

Во пресрет на Ф4 турнирот во Келн, Лазаров имаше интервју за „Балканхендбал“ на Инстаграм со познатиот новинар Жика Богдановиќ.

Лазаров беше прашан дали се уште е во контакт со Чави Пасквал, актуелниот тренер на Барселона со која ќе се сретната во полуфиналето.

„Да, се слушнав со него еден ден пред ждребот за завршницата од ЛШ, но не поради тие причини, туку поради сосема други. Сакав да го прашам за нивниот кондиционен тренер, како така играат толку брзо во напад. Сакам тоа да го пренесам и во селекцијата на Македониј“ откри Кире и додаде:

„Горе долу тренинзите се секаде исти, но Барселона има неверојатна брзина, транзиција кога е во напад. Со Чави начелно се договоривме дека ќе помогне, но откако се паднавме во полуфинале со нив контактите ги прекинавм, се насочивме на тој предизвик, па откако тоа ќе заврши ќе продолжим пак со договарањето.