Кире Лазаров и Тимур Дибиров рамо до рамо – бројките се јасни

Македонската ракометна селекција по крајот на групната фаза од Мундијалот во Германија и Данска од утре ја очекува настап во Президен Купот.

„Црвено-жолтите“ ќе разигруваат за позиција од 13. до 16. место на табелата, а прва пречка е Русија. Оваа средба е предвидено да се игра утре во Келн со почеток од 13:00 часот во „Ланксес Арена“.

Интересно во пресрет на овој меч е тоа што Тимур Дибиров од Русија и нашиот Кире Лазаров се на делба на идентичното 4. место на табелата, заедно уште со Али Јусуф од Катар и  Ервин Феучтман од Чиле. Сите имаат по 30 постигнати гола на пет средби.

Дибиров има 30/38 штое е 79 % на реализација, а притоа има  11/14 од пенал, додека нашиот Лазаров има 30/48 што е  63% на реализација. Од седум метри во досегашниот дел од шампионатот шутираше  9/11.