Кире и компанија направија чудо – Нант во четвртфинале

Екипата на Нант обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва направи чудо и славеше на гостувањето кај Келце со 34-31.

Првиот меч во Франција заврши со победа на Полјаците од 25-24 и се очекуваше лесна задача на реваншот. Но така не мислеа ракометарите на Нант, предводени од Кире Лазаров кои се погрижија за чудо. Со тоа, меѓу другото, ја продолжија кариерата на нашата легенда во Лигата на шампионите бидејќи тој ќе одигра најмалку уште два натпревара, најверојатно против Веспрем.

Лазаров постигна четири гола од десет шута, а најефикасен во неговиот тим беше Ривера со девет од кои шест од пенал.