Кинезите пред Зимските олимписки игри затвораат град со 13 милиони жители

Кина ги удвојува напорите да ја контролира новата епидемија на коронавирус затворајќи 13 милиони луѓе во Ксиан, по наглото зголемување на бројот на заразени.

Кина презеде акција неколку недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг, кој е на околу 1.000 километри од Ксиан, на североистокот на земјата.

Не е познато дали ова е нов вид на омикрон или почеста варијанта на делта вирусот.

Кина досега има пријавено седум случаи на инфекција со вирусот омикрон, четири во Гвангжу и три во Тијанџин.

Ксиан пријави 63 случаи на инфекција, со што вкупниот број на заразени во градот достигна најмалку 211.

Мерките за затворање на населението стапија на сила во средата на полноќ.

На секои два дена ќе им биде дозволено да пазарува по едно лице од секое домаќинство.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година во Пекинг.