Кил со утешно трето место на завршниот Ф4 од ЛШ

Германски Кил ако е за утеха го совлада Веспрем на завршниот Ф4 турнир во Келн и на тој начин дојде до третото место во Лигата на шампионите.

Победникот на мечот беше решен дури по изведување пенали за конечни 37-35. Унгарскиот првак одигра одлично прво полувреме и на паузата замина со предност од +4 (14-18). Сепак Германците во вториот дел ја надополнија негативата и мечот замина во пенал серија.

Во редовите на Кил Билик и Винчек со по седум гола беа најефикасни, додека Омар со осум погодоци беше најдобар стрелец за унгарската екипа.

Во големото финале за титула силите ќе ги одмерат Барселона и Киелце.