Кикс на Реал Мадрид: Беа пред победа, но во 88. минута им се случи шок

Кралевите вечерва им приредија непријатно изненадување на своите навивачите на Сантијаго Бернабе.

Откако претходната недела остварија убедлива победа кај Селта Виго, овој пат се сопнаа пред своите гледачи.

Во поголемиот дел од мечот мрежите мируваа, головите дојдоа во доцниот дел од мечот, буквално во последните 10 минути.

Карим Бензема успеа да постигне гол за „кралевите“ во 82 минута, што беше најава за минимална победа, но потоа дојде шокот за нив.

Во 88. минута гостинскиот играч Гвардиола, успеа да ги шокира домашните играчи и навивачи и да го постави конечниот резултат на оваа средба 1:1.

Сигурно дека Зидан од ваква игра нема да биде задоволен, бидејки Реал овој меч можеше да го реши многу порано.