Ќерката на Џерард има само 18 години, a веќе сама започнала бизнис и заработила над милион

Ќерката на Стивен Џерард, Лили-Ела, последните денови е во центарот на вниманието на англиските медиуми.

Џерард не сака да зборува за својот приватен живот и тоа секогаш вешто го избегнувал, но како што неговите деца растат и ја прифаќаат новата технологија, тоа стана речиси невозможно да се избегне.

Овде се издвојува неговата најстара ќерка, која е многу активна на социјалните мрежи, а објавува и многу работи од приватниот живот на семејството Џерард.

Сепак, поранешниот играч на Ливерпул очигледно нема ништо против, и повеќе не е ригорозен кон приватниот живот како некогаш.

Имено, неговата најстара ќерка Лили-Ела решила целосно да се посвети на социјалните мрежи. Таа стана инфлуенсер и почна да заработува сериозни пари.

Таа има речиси 200.000 следбеници на Инстаграм и тој број расте од ден на ден. Како што објави The Sun, таа веќе договорила соработка со десетина познати светски компании, што ќе и донесе голем профит.

Наводно, гарантираните над еден милион фунти во следната година ќе ги собере само од рекламирањето на овие компании на нејзиниот Инстаграм профил, а таа сума може да биде и поголема доколку има повеќе објави од договорените. Таа не го крие ниту својот луксузен начин на живот, а во претходниот период многу патуваше на релации во Лос Анџелес, Дубаи и Лондон.