Керик: Не размислувам што ќе се случи по недела

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик изјави дека е фокусиран само на следниот натпревар против Челзи, и дека не размислува многу за тоа колку долго ќе остане на клупата на тимот од Олд Трафорд.

Тој ги предводеше „црвените ѓаволи“ до победата над Виљареал во првиот меч, а сега го чека голем предизвик против Челзи.

На прашањето дали промената на тренерот може веднаш да даде резултати, тој одговори:

“Можно е. Понекогаш не се работи за идеи, туку за друг глас. А се случува да нема промена. Ќе видиме што ќе се случи овде“.

Се појавија информации дека Ралф Рангник ќе пристигне на Олд Трафорд.

„Ова се шпекулации и гласини. Мислам само на играта“.

Младиот тренер истакна дека не размислува премногу за иднината.

„Фокусиран сум на подготовка на тимот. Имам огромна одговорност во моментов. Но, не размислувам што ќе се случи по недела“.