Кејн веќе одбил еден гигант: Пред англискиот голгетер се само две опции!

Пред Хари Кејн се три дестинации надвор од Тотенхем, Баерн Минхен, Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед.

Англискиот репрезентативец има конкретни понуди од овие три гиганти и на крајот ќе одлучи нијанса каде ќе заигра еден од најдобрите голгетери во Премиерлигата.

Како што пренесува германски БИЛД, најдобриот стрелец на Тотенхем, им се обратил на Баерн Минхен и им порачал дека не е заинтересиран за трансфер во Минхен, иако тоа му е скоро гарантирана опција за освојување на трофеи.

Меѓутоа, тоа не значи дека капитенот на Тотенхем ќе остане на „Вајт Харт Лејн“. Имено, за него постојат добри понуди од Реал и Манчестер, па тој треба да го каже последниот збор.

Најблиску до ангажман на овој фудбалер е Манчестер Јунајтед, што е и желба на самиот играч, па евентуално со трансфер на Олд Трафорд, Кејн би тргнал да го руши Алан Ширер на вечната листа на стрелци.

Според обложувалниците на островот, квотата за доаѓање на Кејн во Манчестер е 2,20, што е скоро извесно дека овој трансфер е – реален.