Ќе страда спортот: Се откажува Олимпијадата во Токио

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат ова лето. Прво беа одложени за догодина, а голема е веројатноста да бидат целосно откажани.

Претседателот на Организациониот одбор Јоширо Мори тврди дека нема шанси тие да се одржат ако ситуацијата со корона вирусот не се смени.

„Мислам дека оваа ситуација нема да трае подолго од една година, но ние не можеме да одговараме на хипотетички прашања”, изјави Мори.

Игрите во Токио требаше да почнат на 24 јули, но се преместени за 23 јули идната година.