Ќе се оствари ли најцрното сценарио: Олимписките игри пред целосно откажување?!

Претстојните Олимписки игри во Токио можат да го доживеат најнепосакуваното сценарио во пет минути до дванаесет.

Со оглед на тоа дека се е поголем бројот на заразени олимпијци во Токио, домаќинот и организатор можеби ќе биде принуден да стави крај на ОИ пред тие официјално да почнат.

Досега се евидентирани 71 олимпиец кои се позитивни а веќе се во Токио, така да организаторот се соочува со невидени проблеми. Веројатно работите ќе беа уште покомплицирани доколку беше дозволена и публика на овие ЛОИ.

Една од најнепопуларните опции е да ги откажеме во последен момент овие ОИ. Мора да се донесе најдобрата одлука за сите нас и нашето здравје“, порачаа властите во Јапонија.

Но доколку сепак се оддржат овие ОИ, тогаш организаторот ќе мора да спроведе силни контроли и редовни тестирања на секој спортист пред настапите, со кои ќе се утврдува потенцијално ширење на вирусот.