Ќе има реакции поради ова: ФИА објасни зошто Хамилтон сепак нема да добие казна

Британецот Луис Хамилтон сепак нема да добие казна за утрешната трка поради инцидентот со двојните жолти знамиња, нешто кое се случи денеска.

Формула 1 фановите добро се сеќаваат дека за ист прекршок на минатата трка, Верстапен доби казна од пет позиции наназад, додека сега Луис Хамилтон се извлече.

Како објаснување од ФИА дојде дека сигнализацијата на двојните жолти знамиња била вклучена само една секунда и дека за разлика од претходниот инцидент оваа година, Хамилтон сега нема да биде казнет, затоа што не добил такво известување на својот борд или на воланот во болидот.

Стјуардите на ФИА сепак процениле дека Луис Хамилтон не треба да биде казнет за утрешната трка.

Квалификациите се вечерва, односно веќе во тек (од 18 часот).