Ќе има еуфорија кај фанатиците на Хамилтон – Браун најавува можна и спектакуларна нова трка во Ф1 календарот

Техничкиот директор на Ф1, Рос Браун, најавува дека постои можност за одржување на ГП трка во Лондон, Англија, што ќе претставува невиден спектакл.

Тој уште додаде дека до евентуалното вклучување на оваа трка во Ф1 календарот, култната и историска трка Силверстоун не би била загрозена.

Браунт потенцира дека евентуална трка во Лондон не би се одржувала низ центарот на градот, туку дека за тоа ќе се бара посебно погодна локација.

Граѓаните на Лондон не треба да се грижат дека низ центарот ќе им минуваат Ф1 болиди и дека цела недела сообраќајот ќе им биде редуциран. Постои опција дека трката ќе се одржува на едно од предградијата во Лондон. Сакаме да видиме дали Лондон има услови за тоа, а не да го замени Силверстоун. Според нас, има опција за трка и можно е да биде реалност“, порача Браун.

Во Англија има многу Ф1 фанатици, посебно оние на Луис Хамилтон, петкратниот Ф1 шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ферари го победи Мерцедес надвор од патеките – Мик Шумахер дел од нивната возачка академија!

(ВИДЕО) Драма на Релито Дакар – Русин со камион прегази човек во среде пустина

Утрински потрес во Ферари – си заминува главниот?!

Формула 1 легендата во критична ситуација – повторно заврши во болница

Фетел испрати новогодишна желба – Ферари треба тоа да му го испорача

Конечно проговори – се огласи сопругата на Михаел Шумахер: Неговата желба е…

Денес се навршуваат пет години од кобниот момент кој му го смени животот на Шумахер

Контроверза или вистина – Верстапен тврди дека Хамилтон не ја освоил титулата, туку дека..

Браун предвидува турбуленции меѓу Фетел и Леклер од една едноставна причина