Ќе ги сруши ли Баерн надежите на „ѓаволите“ за Санчо?!

Евентуалниот трансфер Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед, може да биде закочен односно да пропадне, бидејки постојат информации од ЕСПН дека Баерн Минхен сериозно се наметнал во оваа трансфер трка.

Санчо кој се почесто беше споменуван со трансфер во Манчестер Јунајтед ова лето, има повеќе заинтересирани тимови кои го бараат, но се чини дека Јунајтед е најсериозен во тој „лов“.

Според информациите на ЕСПН, сега Баерн Минхен испратил барање до Борусија Дортмунд за можен „разумен компромис“ и договор за трансфер на Санчо.

Со оглед на тоа дека Баерн Минхен често во минатото ги ловеше најдобрите играчи од Дортмунд, не треба да биде изненадување доколку се случи и овој трансфер, но вистинската дилема е дали од Баерн ќе сакаат да издвојат 100 милиони, колку што се побарувањата на клубот од „Сигнал идуна парк“.

Баерн има две опции за нови засилувања, доколку го договорат Лерој Сане од Манчестер Сити, веста за Санчо ќе остане само обична неостварена шпекулација.