Ќе биде жестоко лето: Покетино контактиран да „заигра“ со старата дама?

По неуспехот во ЛШ, енормно растат шансите за Маурицио Сари наскоро да добие отказно решение од клубот во Торино.

Сари на пресконференцијата синоќа по елиминацијата истакна дека не стравува за своето место во клубот, односно дека има се уште договор со Јувентус и дека нема намера да си оди од Торино.

Но италијанскиот новинар Алфредо Педула, објави ексклузивна вест дека Јувентус веќе го контактирал Маурисио Покетино, кој сезонава е слободен агент, откако на половина сезона доби отказ од Тотенхем.

Но сега ситуацијата може да биде во поголема корист на Аргентинецот, бидејки Сари освен „гарантираното“ Скудето, не успеа да направи значителен исчекор во ЛШ сезонава и тоа го гледаат во таборот на Јувентус.

Покетино неодамна истакна дека му е желба да остане во некоја од петте најсилни лиги во Европа, и дека клубот за кој во иднина би работел, требало да има врвни амбиции, нешто што го има Јувентус.

Покетино е слободен, и доколку во Јувентус се удри по маса за она што го постигна или не го постигна Сари, големи се шансите Покетино наскоро да биде предводник на „Бјанконерите“.