Ќе биде тешко: Македонија доби две екс ју селекции и големиот фаворит од Скандинавија

По денешната ждрепка во организација на ЕХФ, Македонија ги доби своите противници за првата фаза од ЕП, кое ќе се одржува следната година во Унгарија и Словачка во јануари.

Македонската репрезентација во денешната ждрепка влезе од третиот шешир, а ќе биде дел од групата А.

Машката ракометна репрезентација ќе биде во група со репрезентациите на Словенија, Данска и Црна Гора.

Освен Данска, тука имаме трио кој ќе претставува еден вид на тимови од поранешна ракометна Југославија.

Бранител на трофејот е селекцијата на Шпанија, а нашата репрезентација ќе има доста сериозна задача пред себе за да се пласира во следната рунда од натпреварувањето.

За потсетување, нашата група ќе биде сместена во Унгарија, во гратчето Дебрецин.

Еве го целосниот изглед на сите 6 групи: