На Борусија Дортмунд не и оди најдобро во Бундес лигата, по 20. одиграни кола, тимот на „милионерите“ котираат на четвртата позиција со само 10 победи, 7 нерешени средби и три порази.
Тие се на 12 бодови заостанување од лидерот Баер Леверкузен, кој има и натпревар помалку, па веројатно и поради тоа, во управата на овој клуб, решија дека е време за одредени чистки, а се тоа ќе почне од легендата на клубот.
Легендарниот Марко Ројс, кој 12 години го носи дресот на „милионерите“ и кој низ годините имаше повеќе пати предизвик да ја напушти Дортмунд бидејки имаше заносни понуди, но реши да остане на „Сигнал идуна парк“ и да им покаже верност.
Таа верност беше манифестирана низ годините, а на тоа веројатно дојде крајот. Управата на Дортмунд му соопштила на Марко Ројс дека нема да му биде продолжен договорот.
Оваа вест дојде од најпознатиот германски таблоид БИЛД, кој брифира дека одлуката е донесена и дека маса на навивачи ќе бидат разочарани од потегот на клубот.
Марко Ројс сезонава и досега, одигра 24 натпревари во сите конкуренции, каде постигна само шест голови и три асистенции. Како старо-нов клуб за Марко Ројс од следната сезона се споменува Борусија Менхенгладбах, од каде и пристигна во Дортмунд овој фудбалер.