Ќе биде пекол против Кјелце: Вардар ги израдува своите фанови – но побрзајте

Од РК Вардар информираат дека поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кјелце пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” пуштени во продажба се ДОПОЛНИТЕЛНИ билети.

Истите се за секторот СТОЕЊЕ. https://sales.ticketplus.mk/OnlineSale/?id=456

Цената на билетите е 150 денари. Натпреварот меѓу Вардар и Кјелце е закажан за в сабота, 9 ноември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.