Поради промена на елементите на моторот, Макс Верстапен за трката во Италија, на култната патека Монца, ќе стартува со пет позиции поназад како казна.
Ред Бул одлучи од претплазливост да го замени моторот со внатрешно согорување (ICE), во болидот на лидерот во првенството Макс Верстапен.
Тоа резултира со казна од пет позиции поназад на гридот во недела. Ако биде Холанѓанецот утре најбрз во квалификациите, тогаш во најдобра ситуација ќе стартува од шестата позиција.
Верстапен пред две недели во Белгија ги промени сите компоненти на моторот и менувачот, па стартуваше од последната позиција.
Овој викенд во Монца, поради исти или слично промени на болидите, казни на позициите ќе игаат и Перез, Саинц, Ботас и Хамилтон.