Казна за Ред Бул и Верстапен пред трката во Монца

Пред трката во Формула 1 за Големата награда на Италија, Ред Бул беше казнет со поместување на стартната позиција на својот возач Макс Верстапен за пет позиции, бидејќи компонентите на моторот на неговиот болид се заменети по петти пат оваа сезона – соопшти денеска управата на натпреварувањето. .

Според правилата, дозволени се само три промени на моторот во текот на сезоната.

Моторот на болидот на актуелниот светски шампион беше целосно заменет пред само две недели во Белгија.

Во Монца, неговиот тимски колега Серхио Перез доби казна од 10 позиции за четвртата промена на моторот.