Кавани си оди од Јунајтед, следна станица – Италија

По 11 години, уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани би можел да се врати во Серија А каде последен пат го носеше дресот на Наполи.

За него е заинтересиран тимот на Салернитана која во последното коло оваа сезона обезбеди опстанок во елитата. Спортскиот директор на клубот Валтер Сабатини е охрабрен по ова и сака да направи екипа која во новата натпреварувачка кампања ќе се бори за излезе во Европа.

Освен Салернитана, интерес за искусниот голгетер покажа и Фиорентина. Нему на крајот му истекува договорот со Манчестер Јунајтед и не постојат никакви шанси тој да биде продолжен.